Mund Snowboard
Модел на чорапи за сноуборд, конструиран од THERMOLITE® влакна, кои пак поради својата конструкција, можат да ја задржат телесната температура, а и да ја ослободат кога тоа е потребно. Двојната плетка во делот на стопалото овозможува уште поголем комфор.
Достапни се во 4 големини:
С (34-37)
М (38-41)
Л (42-45)
ХЛ (46-49)
Конструкцијата е без шевови и со посебно зајакнување во деловите од ногата кои доаѓаат на удар со чевлата за бордање.
Температурен опсег: -5°C до - 25°C
Сезона: зима
Препорачана активност: сноуборд
Главни влакна: Thermolite®, Lycra®
Состав: 76% Thermolite®, 20% Polyamide, 4% Lycra®
Тежина: 84 грама/пар
Препораки за негување: да не се пегла, суши, да не се користат средства за избелување, да се пере на 30°C
***
За компанијата
МУНД
Оваа компанија потекнува од планинските предели на Сиера де ла Деманда (Бургос, Шпанија). Фабриката се наоѓа во градот Прадолуенго, чија текстилна традиција постои од 16-тиот век.
Производството на МУНД претставува сплотено, вековко генерациско знаење од областа на текстилната инудстрија, надополнето со најнајпредните технологии и дизајни на денешницата.
Работата на компанијата се состои од комбинација на континуирано истражување на „паметни“ влакна и развој на иновативни дизајни - се’ со цел да се понуди најдобриот производ на заедницата која ги практикува планинските спортови.
Достапност, комфор, добробит! - Во МУНД веруваат дека планините и спортот треба да се достапни и посветени се во тоа да произведат висококвалитетен производ - по многу достапни цени! Тие сакаат да овозможат комфор и добробит секому кој ги сака планините, како што ги сакаат и тие...