Mund Skiing Outlast Wool
Модел на чорапи за скијање, конструиран од комбинација на „паметниот“ Outlast® материјал и Мерино волна. Овој материјал овозможува создавање на микроклима помеѓу облеката/чорапите и кожата, задржувајќи ја со тоа температурата. Ова е посебно важен материјал, кој се препорачува за практикување на спортови на височина и при екстремни температури.
Достапни се во 4 големини:
С (34-37)
М (38-41)
Л (42-45)
ХЛ (46-49)
Плетката кај делот на прстите е без шевови - за поголем комфор, а во овој модел на чорапи, постојат специјални канали, развивани од Мунд - кои ја подобруваат дишливоста. Зајакнувањата кои исто така постојат во делот на петата и прстите, гарантираат дополнителен комфор!
Температурен опсег: -5°C до -15°C
Сезона: зима
Препорачана активност: скијање, крос-кантри скијање, сноуборд
Главни влакна: Outlast®, Merino, Lycra®
Состав: 30% Outlast®, 30% Merino, 25% Polyamide, 15% Lycra®
Карактеристики:
Плетка во облик на саќе - за поголема дишливост, полу-компресивна структура, без шевови.
Тежина: 74 грама/пар
Препораки за негување: да не се пегла, суши, да не се користат средства за избелување, да се пере на 30°C
***
За компанијата
МУНД
Оваа компанија потекнува од планинските предели на Сиера де ла Деманда (Бургос, Шпанија). Фабриката се наоѓа во градот Прадолуенго, чија текстилна традиција постои од 16-тиот век.
Производството на МУНД претставува сплотено, вековко генерациско знаење од областа на текстилната инудстрија, надополнето со најнајпредните технологии и дизајни на денешницата.
Работата на компанијата се состои од комбинација на континуирано истражување на „паметни“ влакна и развој на иновативни дизајни - се’ со цел да се понуди најдобриот производ на заедницата која ги практикува планинските спортови.
Достапност, комфор, добробит! - Во МУНД веруваат дека планините и спортот треба да се достапни и посветени се во тоа да произведат висококвалитетен производ - по многу достапни цени! Тие сакаат да овозможат комфор и добробит секому кој ги сака планините, како што ги сакаат и тие...