Mund Winter Trekking Thermolite LTD
Модел на чорапи за зимско планинарење, конструирани со Термолајт влакна - кои ја задржуваат телесната топлина која се создава при движењето, а чорапите произведени од нив, се многу лесни. Минимизираат создавање на пот, брзо ја движат влагата кон надвор и овозможуваат чувство на комфор на стопалата.
Достапни се во 4 големини:
С (34-37)
М (38-41)
Л (42-45)
ХЛ (46-49)
Овој модел на чорапи имаат и добра густина на материјалот, со што се овозможува како подобрено термо чувство, така и комфор и заштита од удар во чевлите... Делот кај прстите и петата е со зајакнување, со што се зголемува издрживоста на чорапите и нивниот животен век...
Температурен опсег: до - 20°C
Сезона: зима
Препорачана активност: трекинг, прошетки во природа, планинарски тури
Главни влакна: Thermolite®, Lycra®
Состав: 80% Thermolite®, 15% Polyamide, 5% Lycra®
Тежина: 96 грама/пар
Препораки за негување: да не се пегла, суши, да не се користат средства за избелување, да се пере на 30°C
***
За компанијата
МУНД
Оваа компанија потекнува од планинските предели на Сиера де ла Деманда (Бургос, Шпанија). Фабриката се наоѓа во градот Прадолуенго, чија текстилна традиција постои од 16-тиот век.
Производството на МУНД претставува сплотено, вековко генерациско знаење од областа на текстилната инудстрија, надополнето со најнајпредните технологии и дизајни на денешницата.
Работата на компанијата се состои од комбинација на континуирано истражување на „паметни“ влакна и развој на иновативни дизајни - се’ со цел да се понуди најдобриот производ на заедницата која ги практикува планинските спортови.
Достапност, комфор, добробит! - Во МУНД веруваат дека планините и спортот треба да се достапни и посветени се во тоа да произведат висококвалитетен производ - по многу достапни цени! Тие сакаат да овозможат комфор и добробит секому кој ги сака планините, како што ги сакаат и тие...