Mund Trekking SummerCoolmax LTD
Модел на летни чорапи за планинарење, кои во својата структура имаат два слоја. Внатрешниот е Кулмакс - тој, кој доаѓа во директен контакт со кожата. Во конструкцијата пак постојат четири лонгитудинални канали кои му даваат на овој модел високо ниво на дишливост, а во исто време овозможуваат и лесно навлегување на свеж воздух и ја одржуваат чорапата сува.
Достапни се во 4 големини:
С (34-37)
М (38-41)
Л (42-45)
ХЛ (46-49)
Во делот кај прстите и петата, постои зајакнување на материјалот, со цел да се овозможи поголема издржливост и зголемен животен век, а кај стопалото има двојна плетка, за заштита од удар при движењето. Шевовите се „меки“ за зголемен комфор!
Температурен опсег: 10°C до 25°C
Сезона: лето
Препорачана активност: трекинг, долги планински тури, прошетки во природа
Главни влакна: Lycra®, Coolmax® Active
Состав: 76% Coolmax®, 17% Polyamide, 7% Lycra®
Тежина: 70 грама/пар
Препораки за негување: да не се пегла, суши, да не се користат средства за избелување, да се пере на 30°C
***
За компанијата
МУНД
Оваа компанија потекнува од планинските предели на Сиера де ла Деманда (Бургос, Шпанија). Фабриката се наоѓа во градот Прадолуенго, чија текстилна традиција постои од 16-тиот век.
Производството на МУНД претставува сплотено, вековко генерациско знаење од областа на текстилната инудстрија, надополнето со најнајпредните технологии и дизајни на денешницата.
Работата на компанијата се состои од комбинација на континуирано истражување на „паметни“ влакна и развој на иновативни дизајни - се’ со цел да се понуди најдобриот производ на заедницата која ги практикува планинските спортови.
Достапност, комфор, добробит! - Во МУНД веруваат дека планините и спортот треба да се достапни и посветени се во тоа да произведат висококвалитетен производ - по многу достапни цени! Тие сакаат да овозможат комфор и добробит секому кој ги сака планините, како што ги сакаат и тие...