Планинарски чевли со можност за поставување полуавтоматски дерези.
Одличната комбинација од кожа и Шелер софтшел материјалот, овозможуваат мала тежина, комфор и заштита од абење/триење, како и слобода на движење, додека пак Перформанс Комфор ГорТекс мембраната, гарантира водоотпорност и дишливост!
Конструкцијата под стопалото користи материјали кои пред се’ нудат одлична стабилност и поддршка, а полиуретанот во делот кај петата, е т.н. „Двојно Интегриран систем“ на Асоло, кој користи материјал со две различни густини и овозможува „амортизација“ при стапнувањето, како и користење на полуавтоматски дерези.
Ѓонот (Асоло/Вибрам Асент) овозможува неверојатен грип и прецизност, во целиот круг околу стопалото, поставена е гумена заштита над кожата, а системот на врзување кој се користи во овој модел - овозможува многу лесно и брзо затегнување и подесување...
Спецификација:
Материјал: водоодбивна кожа 1,6-1,8мм и Шелер софтшел
Мембрана: Gore-Tex Performance Comfort Footwear
Основа: Asoflex Spiky
Анатомска влошка: Lite 4
Ѓон: Asolo/Vibram Ascent + микропорозен материјал со двојна густина + полиуретан со Двојно Интегриран Систем
Тежина: 800 грама за чевла со големина 42
За компанијата:
Наш избор во колку што повеќе можеме сегменти, е да понудиме производи, кои потекнуваат од компанија која специјализирала во тоа поле. Компанија која целосно се вложила, да во тоа што го работи - навистина понуди највисок квалитет и перформанси.
Во сегментот за чевли за планинарење успеавме во оваа наша заложба и изборот го направивме на италијанската АСОЛО. Малку за историјата на оваа компанија.
Асоло е основана во 1975 година, од страна на Џанкарло Танци и своето име го добива по истоимениот град во северо-истокот на Италија, кој се наоѓа во близината на Венеција - каде што првично таа и е основана.
Асоло од секогаш била компанија - пионер во иновацијата. Пар примери:
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која е комбинација на кожа и текстил (Кордура во случајот)
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која користи ГорТекс мембрана.
Овие две иновации не само што го сменија пазарот - ја сменија воопшто индустријата за производство на чевли за планинарење!
Во 1998 година, водењето на компанијата ја превзема семејството Заната - кое пак има семејна традиција во чевларството од 1946 година. Асоло денес ја води 4тата генерација од ова семејство по нивното превземање на Асоло - подеднакво посветено во пронаоѓањето на совршениот микс на традиција, квалитет и иновација.
Чест е да се биде дел од нивната работа!