Tendon Ambition 60m 9.8mm
Кошничката е празна!
Најпродавани

Tendon Ambition 60m 9.8mm

Tendon Ambition 60m 9.8mm
Бренд: Tendon
Код на производот: tendon
Достапност: 1
9,500ден.
 
   - ИЛИ -   

Како што сугерира и самото име на овој модел, „Амбиција“, ова јаже е наменето како за почетници, така и за амбициозни качувачи и алпинисти кои ги поместуваат своите граници во качувањето, како во сала, така и на природна карпа. 

Одличен однос на цена и квалитет!

Основно: стандардна заштита, со должина од 60 метри

Спецификација
Диаметар (мм) 9.8
Тежина (грам/метар) 64
Број на УИАА падови 9
Максимална ударна сила (kN) 7.4
Пролизгување на кошулица (%) 0.05
Статичко издолжување (%) 7.9
Динамичко издолжување (%) 35
Стандарди: CE 1019, EN 892

Произведено: 09/2023

Колку долго може да се користи динамичко јаже?
 
Поради различни влијанија при употребата, како и различни начини на употреба, невозможно е да се даде точна бројка на животен век на јажињата, туку само груба проценка. Во зависност од фреквенцијата и интензитетот, надворешните влијанија (триење, контаминација, механичко оптоварување (статика), работа (спуштање, абзелување), падови (динамични), УВ радијација, агресивни климатски услови итн - сите тие влијаат на безбедносната временска резерва кај динамичните јажиња.
 
-Последица на спуштања и абзелувања се намалување на динамичките перформанси и намалување на безбедносната временска резерва,
-Триењето води до постепено ослабување на конзистентноста на кошулицата. Посилно триење ја право кишулицата „повлакнеста“ и ја намалува издржливоста при оптоварување и нејзините заштитнички ефекти на јадрото на јажето.
-Мали партикули нечистотија во јажето, а посебно во комбинација со силно користење, резултираат во триење врз фините влакна на јадрото на јажето, како и на кошулицата. Партикулите стануваат „шмиргла“ и постепено ја намалуваат носивата сила на испреплетените влакна, а посебно за време на абзелување/спуштање.
-Динамичкото оптоварување води до намалување на перформансите ја јажето - неговата способност да ја намали динамичката (ударна) сила се намалува. Ова секако зависи од силата на падот (во зависност од методот на обезбедување и факторот на пад - при што секој фактор на пад поголем од 1 се смета за силен пад).
Безбедносните испитувања правени од алпинистички асоцијации потврдуваат дека ако кошулицата на јажето не е многу уништена и не покажува знаци на големо триење, оптеретувања при падови чиј фактор на пад е помал од 0.5, како и добро динамичко обезбедување - не претставуваат ризик за безбедноста се’ додека јажето не е свиткано преку остри рабови.
 
Ако се почитуваат сите инструкции за безбедно користење на динамичките јажиња, може да се дадат следните препораки во однос на нивниот животен век:
помалку од 1 година: интензивно користење (секој ден) со голем интензитет на користење, механичко оптоварување и падови (активни спортски качувачи, алпинистички училишта, планински водичи...)
1-2 години: интензивно користење со нормален интензитет (неколку пати во неделата, во текот на цела година), без значително механичко оптоварување и со мало оптоварување при падови (активни качувачи)
2-3 години: Често користење (викенди, во текот на целата година), без значително механичко оптоварување и без падови (активни викенд качувачи)
3-5 години: Често користење (неколку пати во месецот, во сезоната) со мал интензитет на користење, без значително механичко оптоварување (визсење, ретко спуштање и абзелување) и без падови (сезонски викенд качувачи)
5-7 години: Повремено користење (неколку пати во годината) со интензитет кој и не вреди да се споменува, без значително механичко оптоварување и без падови, без забалежливи знаци на износување и било каква контаминација
Макс 10 години - никогаш не користено јаже.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: tendon, ambition