Tendon Master 60m 9.4mm ECO
Кошничката е празна!
Најпродавани

Tendon Master 60m 9.4mm ECO

Tendon Master 60m 9.4mm ECO
Бренд: Tendon
Код на производот: tendon
Достапност: 3
12,800ден.
 
   - ИЛИ -   

Мастер 9.4мм EKO е модел, кој ги има сите придобивки како револуционерниот Мастер Про 9.2, со тоа што во случајов ова јаже има малку поголема дебелина, што допринесува за подобро ракување (посебно ако во контакт со него дојдат почетници), како при обезбедување, така посебно и при абзелување. 

Овој модел доаѓа со „ЕКО водоотпорна заштита“
Бескомпромисна, еколошка водоотпорна заштита! Јадрото и кошулицата се третирани со нов, еколошки метод, кој оформува водоодбивен слој, кој гарантирано не користи флуорокарбонски состојки! Секако и овој метод на Тендон го исполнува стандардот на УИАА за водоодбивност на јажиња.

За СБС плетката
Ова е систем, со кој при плетењето на кошулицата, влакната влегуваат едно по едно во плетката, а не во парови. Со ова се обезбедува покомпактна кошулица, која пак истовремено е и со помазна површина. 
Со тоа, јажињата кај кои се користи оваа плетка, генерираат помалку триење и се поотпорни од абење/износување при контакт со карпеста подлога. 
Компактноста на кошулицата, ја намалува можноста на пенетрација на мали партикули помеѓу влакната, со што се намалува можноста за оштетување на внатрешната структура - како на кошилицата, така и на целата конструкција на јажето. 
Друга погодност е тоа што овие јажиња со СБС плетка, се попријатни на допир, ракувањето со нив е полесно, јажето полесно поминува низ алатките за обезбедување , а исто така тие се и пофлексибилни.

Одличен однос на цена и квалитет!

Спецификација
Диаметар (мм) 9.4
Тежина (грам/метар) 58
Број на УИАА падови 6
Максимална ударна сила (kN) 7.9
Пролизгување на кошулица (%) 0
Статичко издолжување (%) 6.4
Динамичко издолжување (%) 37
Стандарди: CE 1019, EN 892

Произведено: 09/2023

Колку долго може да се користи динамичко јаже?
 
Поради различни влијанија при употребата, како и различни начини на употреба, невозможно е да се даде точна бројка на животен век на јажињата, туку само груба проценка. Во зависност од фреквенцијата и интензитетот, надворешните влијанија (триење, контаминација, механичко оптоварување (статика), работа (спуштање, абзелување), падови (динамични), УВ радијација, агресивни климатски услови итн - сите тие влијаат на безбедносната временска резерва кај динамичните јажиња.
 
-Последица на спуштања и абзелувања се намалување на динамичките перформанси и намалување на безбедносната временска резерва,
-Триењето води до постепено ослабување на конзистентноста на кошулицата. Посилно триење ја право кишулицата „повлакнеста“ и ја намалува издржливоста при оптоварување и нејзините заштитнички ефекти на јадрото на јажето.
-Мали партикули нечистотија во јажето, а посебно во комбинација со силно користење, резултираат во триење врз фините влакна на јадрото на јажето, како и на кошулицата. Партикулите стануваат „шмиргла“ и постепено ја намалуваат носивата сила на испреплетените влакна, а посебно за време на абзелување/спуштање.
-Динамичкото оптоварување води до намалување на перформансите ја јажето - неговата способност да ја намали динамичката (ударна) сила се намалува. Ова секако зависи од силата на падот (во зависност од методот на обезбедување и факторот на пад - при што секој фактор на пад поголем од 1 се смета за силен пад).
Безбедносните испитувања правени од алпинистички асоцијации потврдуваат дека ако кошулицата на јажето не е многу уништена и не покажува знаци на големо триење, оптеретувања при падови чиј фактор на пад е помал од 0.5, како и добро динамичко обезбедување - не претставуваат ризик за безбедноста се’ додека јажето не е свиткано преку остри рабови.
 
Ако се почитуваат сите инструкции за безбедно користење на динамичките јажиња, може да се дадат следните препораки во однос на нивниот животен век:
помалку од 1 година: интензивно користење (секој ден) со голем интензитет на користење, механичко оптоварување и падови (активни спортски качувачи, алпинистички училишта, планински водичи...)
1-2 години: интензивно користење со нормален интензитет (неколку пати во неделата, во текот на цела година), без значително механичко оптоварување и со мало оптоварување при падови (активни качувачи)
2-3 години: Често користење (викенди, во текот на целата година), без значително механичко оптоварување и без падови (активни викенд качувачи)
3-5 години: Често користење (неколку пати во месецот, во сезоната) со мал интензитет на користење, без значително механичко оптоварување (визсење, ретко спуштање и абзелување) и без падови (сезонски викенд качувачи)
5-7 години: Повремено користење (неколку пати во годината) со интензитет кој и не вреди да се споменува, без значително механичко оптоварување и без падови, без забалежливи знаци на износување и било каква контаминација
Макс 10 години - никогаш не користено јаже.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: tendon, master