Mund Pamir
Од овој модел, на залиха имаме уште само Ми ХЛ големина.
Антибактериска и терапевтска чорапа, благодарение на CUPRON® влакната. Овие влакна во себе содржат бакарни јони со кои се создава природна заштита и се елиминираат 99.9% од бактериите и габичките кои создаваат и лоша миризба. Терапевтските својства на овие чорапи ја помагаат регенерацијата на кожата и се посебно препорачани како модел, за луѓе со осетлива кожа. DRYTEX® THERMICAL материјалот пак, кој е главен дел од чорапите, овозможува чувство на свежина, движејќи ја влагата брзо кон надвор, помагајќи во брзото сушење на чорапите...
Достапни се во 3 големини:
М (38-41)
Л (42-45)
ХЛ (46-49)
Овој модел на чорапи е „без шевови“ - за уште подобар комфор, а структурата со зголемена густина пак, штити од удари во деловите со изразен контакт со чевлите.
Температурен опсег: до -25?C
Сезона: зима
Препорачана активност: трекинг, алпинизам, долги планински тури
Главни влакна: Lycra®, Drytex® Thermical, Cupron®
Состав: 64% Drytex® Thermical, 20% Polyamide, 8% Lycra® третирана со Cupron®, 6% Cupron, 2% Lycra®
Тежина: 74 грама/пар
Препораки за негување: да не се пегла, суши, да не се користат средства за избелување, да се пере на 30?C
***
За компанијата
МУНД
Оваа компанија потекнува од планинските предели на Сиера де ла Деманда (Бургос, Шпанија). Фабриката се наоѓа во градот Прадолуенго, чија текстилна традиција постои од 16-тиот век.
Производството на МУНД претставува сплотено, вековко генерациско знаење од областа на текстилната инудстрија, надополнето со најнајпредните технологии и дизајни на денешницата.
Работата на компанијата се состои од комбинација на континуирано истражување на „паметни“ влакна и развој на иновативни дизајни - се’ со цел да се понуди најдобриот производ на заедницата која ги практикува планинските спортови.
Достапност, комфор, добробит! - Во МУНД веруваат дека планините и спортот треба да се достапни и посветени се во тоа да произведат висококвалитетен производ - по многу достапни цени! Тие сакаат да овозможат комфор и добробит секому кој ги сака планините, како што ги сакаат и тие...