Primus Express Piezo
Кошничката е празна!
Најпродавани

Primus Express Piezo

Primus Express Piezo
Primus Express Piezo Primus Express Piezo
Бренд: Primus
Код на производот: primus
Достапност: 6
2,950ден.
 
   - ИЛИ -   

Лесен, издржлив и компактен модел, кој е избор на секој практикувач на планински спортови, кој сака да има опрема со која тежината и волуменот на ранецот на неговиот грб ќе бидат што помали.

Овој горилник кога ќе се спакува, со лесно и брзо собирање на краците кои го држат садот за готвење, може да го собере во било кој џеб од Вашиот ранец. За дополнителна грижа - доаѓа со своја мала најлонска торбичка во која се пакува.

Исто така, тој доаѓа со своја запалка и стартувањето на горилникот е буквално со притискање на едно копче. 

Со својата моќност, овој горилник оддава силен вертикален столб на пламен и може да заврие едно литро вода за три и пол минути.

Тежина: 83 грамa
 

Primus - 130 години историја

Се' започнува во мала ковачка работилница во централен Столкхолм, во 1892 година, кога Ф.В. Линдквист и В. Свенсон го создаваат првиот керозински горилник, кој не создава саѓи!
Со оглед на тоа што тој е прв таков горилник - тие го именуваат Примус. 

Ова име ќе стане синоним за горилници од голема доверба и тие ќе станат префериран избор на сите авантуристи кои заминуваат на свои првенствени искачувања или тешки истражувачки експедиции. Како примери да ги дадеме авантурата на Роалд Амундсен кој станува првиот човек кој стапнал на Јужниот пол во 1911 година, како и искачувањето на Тензинг Норгај и Едмунд Хилари на Монт Еверест во 1953 година, кога тие стануваат првите луѓе кои стигнале до врвот.

Секако, низ овие веќе повеќе од 130 години, Примус е дел од огромен број други авантури. 

Не експериментирајте! Одберете докажан бренд и уживајте во топол оброк и пијалок - во било какви услови!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: primus, express, piezo