Уште една класика на Јулбо: МонтеБјанко!
Модел кој е посветен на вљубениците во планините, на луѓето кои се нивни чести посетители и уживатели - но кои исто така, бараат модел кој е покомпактен и ненаметлив и кој ќе можат да го користат и за време на своите секојдневни обврски/аткивности, кога ќе се вратат назад во градот, долината...
Ова е идеален модел на рамка за луѓе кои имаат средно широки до широки лица.
Страничните штитници можат по потреба да се вадат - нудејќи при тоа совршена адаптибилност на временските состојби.
Многу лесен модел на очила, техничи совршена - со висока заштита од сончевите зрачења и рефлексии, комбинирана со стил и едноставност!
Овој модел на МонтеБјанко е со докажаните реактивни - полихроматски леќи со ниво на заштита од 2 до 4.
Тоа е леќа која за брзо време, во зависност од осветленоста/делот од денот, се затемнува или осветлува овозможувајќи очилата да се користат во широк опсег на светлина. Тие дополнително имаат и внатрешен слој против замаглување, како и надворешен слој против замачкувања кој исто така служи и како слој преку кој влагата брзо поминува преку видното поле.