Независно дали се работи за кратки, еднодневни турно тури, за авантури вон ски патеките или пак уживање во нив, овој модел на ски/борд ранец од американската компанија БЦА, со своите 20 литри и компактна констркција, нуди простор за пакување на сосема доволно опрема и комфорно искуство!
Волумен: 20Л
Тежина: 1,2кг
Материјал: 210Д рипстоп најлон/420Д оксфорд најлон
За големина на торзо: 44.5-49.5цм
Супер практичен ранец за скијање и сноуборд:
- посебен џеб/оддел за лопата, сонда, крзна...
- дупки за цедење на влагата
- вертикален начин на носење на сноуборд
- диагонален и вертикален начин на носење на скии
- можност за поставување на два цепини
- интеграција на БЦА линк системот за комуникација (радио станица)
- гуртни за затегнување
- изолација во носечките гуртни/прерамките кои се поврзани со внатрешниот дел од ранецот (на пример за заштита на систем за хидратација од смрзнување)
- постава во џебот за ски маска - за нејзина заштита
- „сокриен“ систем за носење на шлем.
- задниот панел, кој доаѓа во контакт со грбот е анатомски..