Дизајниран со знаење стекнато со децении поминати во планините, Блак Дајмонд Блиц е решението за сериозни брзи буткања кон врвот!
Како модел наменет да биде ултимативно решение за „брзо и лесно“ качување, Блиц е конструиран со користење и на новиот BD UHWMPE „Mini Rip“ 100d најлон, со кој се добива идеален баланс помеѓу тоа ранецот да биде многу издржлив и фантастично лесен!
Гуртната за затегнување на јажето на ранецот има лесно забележлива, црвена боја, а „џебот“ за поставување на врвовите на цепините - од надворешната страна на ранецот, има дополнителен метален дел со кој се осигурува нивното позиционирање.
Преклопецот со гуртната за затегнување се работи лесно и со една рака, а во него има и лесно пристапен, водоотпорен џеб, а џеб има и во внатрешноста, тој е со патент и служи за дополнителна поддршка за организирање на опремата која би ја имале во ранецот...
За секој кој сака да го заштеди секој грам тежина, од ранецот може да се тргне гуртната за затегнување околу половината, како и сунгерстата подлошка, која дава комфор во конструкцијата на ранецот, а која исто така може и да се користи и за бивак - како мини подметач, за торзото...
Волумен: 28 литри
Тежина: 430 грама