Најновата верзија на најпродаваниот и наградуван модел на челна лампа на Black Diamond - сега веќе со 325 лумени!
Spot 325 – сега со уште покомпактен дизајн, апдејтуван интерфејс и подобрени леќи со кои се штеди и на батерија.
PowerTap™ технологијата овозможува моментално менување на програма на целосна или намалена моќност, а меморијата на осветлувањето овозможува да се вклучува и исклучува челната лампа на одредена посакувана моќност, без притоа да се вклучува прво најсилното светло.
Поставките вклучуваат: целосна моќност со можност за осветлување во далечина или близина, опција за прецизно намалување на јачината на светлината, трепкање, црвено светло и заклучување.
Водоотпорност: IPX8 – ниво на водоотпорност кое овозможува користење на челната лампа при потопување на 1.1 метар под вода во траење од 30 минути!
Лумени : [високо ниво] 325 лумени: [средно] 160 лумени: [ниско] 6 лумени:
Тежина со батерии : 86 грама
Максимално осветлување : [високо ниво] 80 метри: [средно] 60 м.: [ниско] 8 м.
IPX ниво на водоотпорност : IPX 8
Батерии : 3 AAA (вклучени во пакетот)