Primus - 130 години историја
Се' започнува во мала ковачка работилница во централен Столкхолм, во 1892 година, кога Ф.В. Линдквист и В. Свенсон го создаваат првиот керозински горилник, кој не создава саѓи!
Со оглед на тоа што тој е прв таков горилник - тие го именуваат Примус.
Ова име ќе стане синоним за горилници од голема доверба и тие ќе станат префериран избор на сите авантуристи кои заминуваат на свои првенствени искачувања или тешки истражувачки експедиции. Како примери да ги дадеме авантурата на Роалд Амундсен кој станува првиот човек кој стапнал на Јужниот пол во 1911 година, како и искачувањето на Тензинг Норгај и Едмунд Хилари на Монт Еверест во 1953 година, кога тие стануваат првите луѓе кои стигнале до врвот.
Секако, низ овие веќе повеќе од 130 години, Примус е дел од огромен број други авантури.
Не експериментирајте! Одберете докажан бренд и уживајте во топол оброк и пијалок - во било какви услови!