Блек Дајмонд Прајм
Не ја потценувајте важноста на чевлите кои Ве носат низ секојдневните обврски. Поминувате голем број часови и многу денови во нив и не треба да се штеди на здравјето на Вашите нозе и стопала, а со тоа и општо на добробитот на Вашето тело, бидејќи често проблемите во горниот дел од телото се добиваат токму поради разни проблеми при движењето и/или стоењето во место, што пак во голема мера зависи од тоа дали имате или не соодветни чевли - од аспект на дизајн, конструкција, употребени материјали...
Дизајнирана за врвен комфор, без жртвување на издржливоста, Прајм е модел кој е конструиран со кожа, со која се овозможува адаптибилен фит, но и отпорност на условите и теренот!
Овој модел е изграден со ѓон со докажаната BlackLabel компонента која дава одличен грип и стабилност, а гумата пак над прстите - нивна заштита од несакани удари.
Тежина: 300 грама за големина 43