Новата генерација на опрема за виа ферата од Рок Емпаер!
Карабинерите овозможуваат брзо и едноставно, многу безбедно прикопчување со заклучување и имаат одличен комфор на работа!
Овој сет го исполнува новиот ЕН958:2017 стандард и е соодветен за користење од страна на качувачи со тежина 40-120 килограми.
Сетот доаѓа во пакет со соодветна торбичка за пакување
За Рок Емпаер
Компанија која е синоним за врвна опрема за качување и висинска работа - со седиште во Чешка.
Конкретно, нивна специјалност се шиените производи: појаси, гуртни, јажиња и сл. - кои се развиваат, произведуваат и тестираат во нивната фабрика во градот Дечин, на северот на Чешка, близу границата со Германија.
Нивните вработени се пасионирани вљубеници во планинските спортови, а посебно во качувањето, што не е чудно со оглед на тоа што нивниот крај е полн со познатите песочници, кои имаат и интересна приказна и во кои се практикува уникатна етика...
Докажан партнер во сериозни искачувања на планински спортисти во повеќе од 50 земји во светот, а од 2012 година - наш партнер и во Македонија!