Монте Роса
Дрезги, кои произлегуваат од партнерството помеѓу италијанската компанија Гривел и француската компанија ТСЛ.
Едноставна алатка, која ќе ви може да уживате во планините во снежни услови, без да пропаѓате во снегот, со што се овозможува зачувување на енергија и заштита од поголема влага на панталоните од снегот. Многу корисна алатка, за која за разлика од турни скијањето, не е потребно претходно познавање на посебна техника. Едноставно - дрезгите се компатибилни со било која чевла, а движењето е скоро исто како и при нормално движење/планинарење...
За моделот:
Ова се дрезги кои поради својата „пробивачка“ форма, овозможуваат уште полесно движење низ снегот, а 3Д дизјанот пак овозможува максимално триење т.е. зафаќање на снегот и падината под стопалото.
Монте Роса дрезгите се компатибилни со чевли со големини од 38 до 47, при што за подесувањето не е потребен алат, а исто така постои и стега со која се овозможува и лесно заклучување на Вашата големина, за уште побрзо поставување со секое следно користење.
Во предниот дел, затегнувањето е по принцип на токи за затегнување на гуртна, при што постои голем опсег на странично подесување на големината, за секоја ширина на чевла. Во задниот дел, затегнувањето е по принцип на тока-крцкалка.
Плочката која се подигнува при движењето има можност да биде заклучена - при транспорт или кога не се користат дерезите, а исто така постои секако и „штикла“, со чие кревање, во голема мера се олеснува движењето по угорнини...
Тежина: 920грама/дрезга
Кратко претставување на цепините, дерезите и аксесоарите за нив, достапни во нашиот продажен центар: