Bryton Rider S800 bundle
Кошничката е празна!
Најпродавани

Bryton Rider S800 bundle

Bryton Rider S800 bundle
Bryton Rider S800 bundle Bryton Rider S800 bundle Bryton Rider S800 bundle Bryton Rider S800 bundle Bryton Rider S800 bundle Bryton Rider S800 bundle Bryton Rider S800 bundle Bryton Rider S800 bundle
Бренд: Bryton
Код на производот: bryton
Достапност: 2
32,500ден.
 
   - ИЛИ -   

Модел од највисоката класа, од новата т.н. „С“-серија на ГПС уреди за велосипедизам од Брајтон.

Спецификации:
Ширина: 58.5мм
Висина: 105мм
Длабочина: 14.2мм
Тежина: 106гр

Bryton Rider S800 ги поместува границите на тоа што секој возач треба да очекува од својот ГПС уред за велосипедизам. Дизајниран од премиум материјали, внимателно одбрани, со цел да го оптимизираат секој аспект на овој уред, Рајдер С800 има 3.4“ екран во боја и на допир, со дисплеј со голем контраст, како и неверојатна издржливост - со батерија која трае до 36 часа! На кратко ќе поминеме низ дел од карактеристиките на овој уред:

Бескпомромисна јасност
Голем и чист MIP дисплеј - неверојатна читливост и во најсилна дневна светлина! Овoј дисплеј е и клучниот дел за штедливост на овој уред, благодарение на тоа што потрошувачката ја влечат само тие пиксели кои се менуваат во одреден временски дел, а не целиот екран...

Групно возење
Возењето е секогаш подобро со пријатели! Со користење на Брајтон Актив апликацијата, одберете ја патеката, поканете ги пријателите и добивајте актуелни информации за секој возач: моменталното растојание, брзина и правец се прикажуваат за секој посебно, како и информација дали некој вози надвор од патеката или има изгубен сигнал. 

Групен разговор
Додека сте на заедничко возење, со користење на уредот или апликацијата, може да им испраќате пораки на пријателите. Одговорите, за да бидат побрзи, може да бидат и претходно уредени, а исто така може да се праќаат и глсовни пораки...

Останете во добар правец/Напредно подесување на патека
Гласовно пребарување
Овој уред го зборува вашиот јазик! Со поврзаност на интернетот, може да се користи гласовниот пребарувач на Гугл, со што се овозможува побрзо, поинтуитивно и подобро пребарување на адреса или друга точка на интерес - додека возите, без да има потреба од куцање на тастатура.

Однесето го тренингот на друго ниво
Поддршка на тренинг динамика
По поврзување на Рајдер С800 со компатибилно педали кои се со мерач на моќност, овој уред може да прикаже статички и графички податоци, како на пример возење седнати или станати, фаза на моќност, урамнотеженост на лева и десна страна итн... Сето тоа на големиот, моќен и динамичен дисплеј на уредот!

Отворени мапи и велосипедски точки на интерес
Рајдер С800 доаѓа со интегрирани „отворени мапи“, со голем зум. На мапите може да се најдат наменски точки на интерес за велосипедизам: продавници за велосипедизам, болници, места за вода, одморалишта, храна... Со поставување на курсорот на мапата каде е таа точка, се добиваат повеќе информации за нејзе. Исто така, на Рајдер С800 има и патеки за планински велосипедизам и други интересни нешта за вљубениците во возењето надвор од асфлатот.

Напредни фукнции за следење
Кога следите некоја насока, ако излезете од нејзе, ако уредот е поврзан со телефонот, тој ќе ве пренасочи да се вратите на патеката. Дополнително, можете да ги смените почетната и крајната точка на патеката, како и да следите назад пат кој ќе ве врати назад на патеката која сте ја возеле.

Врска со тренажер
Моќни нови функции и широк спектар на интеграции! Рајдер С800 е возбудлива алатка за поврзување со Вашиот тренажер. Со ANT+ FE-C компатибилност, уредот може да комуницира со тренажерот и да ја контролира на пример моќноста, да симулира лични виртуелни тренинзи или пак и да симулира и патека за возење - снимени патеки кои ги имате на Брајтон Актив апликацијата. Овие конвертирани патетки потоа може да бидат симулирани со стрмнина - за најдобро искуство при нивно повторување/тренирање. 

Навигација со најава на вртење
Независно дали истражувате некои нови предели или следите снимена патека, Рајдер С800 е совршен придружник, кој ќе Ве известува за секое следно вртење, а овозможува и други податоци: имиња на улици (кога е поврза со апликацијата), места на интерес (кои дополнително може да се додаваат и преку апликацијата), информации за растојанието и правецот итн.

Авантура!
Овој уред, со својата нова "Explore" функција, ќе ви овозможи да го искусите и истражите светот со помош на двете тркала, како никогаш до сега. Имено, со едноставно одбирање на должината која сакате да ја извозите, Рајдер С800 станува Ваш водич! Уредот генерира три уникатни патеки кои почнуваат од Вашата појдовна точка, Ве носи преку посакуваната должина на свој начин - и Ве враќа назад!

Брдски предизвик!
Кога се приближувате до некое искачување, уредот Ве носи од екранот на кој сте во моментот - на екран посветен на тоа искачување, на кој ги имате сите потребни информации за него. На овој екран исто така има и графичко сумирање на повеќе искачувања, јасно препознатливи различни бои за сегменти, должина, качување, симнување, почетна и крајна точка - лесен пристап за тоа предизвикувачко качување во момент!
Кога внесувате патека која сакате да ја следите (од било која друга апликација како Страва, Комут итн), Брајтон Актив апликацијата автоматски ги генерира искачувањата и ги подготвува како информација за Вас. Сепак, вие дополнително можете лично да си подесите по потреба некои од тие информации како на пример почетна или крајна точка каде поточно да бидат и слично...

Следење во живо
Споделете ја Вашата моментална локација со пријатели или со семејството: едноставно генерирајте линк од Вашиот телефон и споделете ја преку било кој начин на споделување пораки. На тој начин, тие ќе можат да ве следат и не само да ја гледаат Вашата позиција, туку и моментална брзина, време на возење, растојание и време поминато од последно апдејтување на овие информации во системот!

Компатибилност со „радарски“ систем
Поврзувајќи се со АНТ+ со некој од „радарските“ системи кои постојат на пазарот (вклучувајќи го секако и моделот на Брајтон кој наскоро ќе биде достапен), на екранот, во десната страна, во вертикална лента - можете да ги следите возилата кои Ви приоѓаат од позади. Дополнително, има и звучен сигнал за алармирање...

Амбиентален светлосен сензор
Адаптибилност на секакви услови: благодарение на овој сензор, Рајдер С800 ја подесува својата позадинска светлина на дисплејот, во зависност од околната светлина. Кога возите во некој затворен простор, поминувате низ тунел, под дрвја и сл. светлото ќе биде посилно...

Нотификации
Не грижете се за пропуштен повик, е-маил или пораки за време на возењето. Со поврзување на уредот со Вашиот телефон, тие автоматски се појавуваат на екранот.

Што доаѓа во сетот:
Уред Рајдер С800
Сензор за пулс
Сензор за каденца
Сензор за брзина
УСБ-Ц кабел
Држач за на стем и долг држач за да дојде уредот пред воланот
Безбедносна, еластична замка
Заштитна гумена маска за уредот
Заштитна стаклена маска за екранот

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bryton, rider, s800