ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Со Политиката на Приватност на ДТУ МАДАЛ БАЛ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, со седиште на бул. Киро Глигоров бр. 4, 1000 Скопје, Македонија (во понатамошниот текст Outdoor.mk ќе Ви појасниме каде и како се чуваат Вашите лични податоци на нашата интернет страна. Оваа Политика на Приватност се однесува само за https://outdoor.mk и поддомените, и доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.
Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на Приватност.
Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат за потребите за достава на производот, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, и истите се чуваат согласно одредбите од Законот за Заштита на Лични Податоци, и не се отстапуваат на трети страни.
Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачката, ги издвојуваме:
Име
Презиме
E-Мail Адреса
Телефон за Контакт
Адреса за Испорака на Нарачката
Име на Компанија (опционално)
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна, освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
Outdoor.mk го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.
Outdoor.mk има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, и сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба, и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели, и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите, со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Outdoor.mk Ве информира дека овој сајт користи текстуални датотеки наречени „колачиња“, и без нив сајтот нема да функционира правилно, и многу од опциите нема да можете да ги видите. „Колачињата“ се мали текстуални датотеки кои се запишуваат во вашиот уред со којшто пристапувате на сајтот при посета на некоја веб страна. „Колачињата“ чуваат информации за вашите поставки во веб прелистувачот, како и самиот факт дека веќе сте посетиле одредени страници. На тој начин при повторна посета на истата страница не мора повторно да ги поставувате. Некои од „колачињата“ се неопходни за функционирање на страниците, а некои служат и за собирање статистички податоци. Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се собираат податоци како да се оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие фајлови не се поврзуваат со Ваши лични податоци. Сите информации кои се запишуваат во „колачињата“, Outdoor.mk ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби, и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност. Повеќе информации за тоа што се „колачиња“ и какви типови има, можете да најдете овде.
Оваа Политика на Приватност стапува на сила од Август 2021 година.
Промените во Политиката на Приватност ќе бидат јавно објавени на интернет странатa http://outdoor.mk најмалку 10 дена пред да стапат во сила.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
За сите информации и прашања поврзани со заштитата на Вашите лични податоци, контактирајте го нашиот Офицер за Заштита на Личните Податоци:
Весна Талевска
Тел.: 02/315-6989 | 071/368-730
Електронска пошта: vesna@madalbal.com.mk
Пристап до GDPR Алатките за управување со Вашите лични податоци можете да најдете овде, а повеќе инфо за тоа што е GDPR можете да најдете овде.
Веб страната outdoor.mk е хостирана на серверите не ДДХост. Серверите на ДДХост се лоцирани во Европа и работат согласно GDPR регулативата и стандардите за заштита на личните податоци на Европската Унија. Политиката на приватност на ДДХост е објавена на следниот линк: https://ddhost.mk/privacy.php .