Кошничката е празна!
Најпродавани

Asolo Corax GV lady

Asolo Corax GV lady
Asolo Corax GV lady Asolo Corax GV lady
Бренд: Asolo
Код на производот: asolo
Достапност:Производот моментално го нема на залиха
13,800ден.

Чевли за класично планинарење, како и за движење по технички терен, но и доволно лесни и со дизајн кој дозволува и поминување на поголеми растојанија.

Овој модел доаѓа со Шелер К-Тек материјалот, кој дава дополнителна заштита, поддршка, комфор и перформанси, а надополнет со повисоката класа на докажаната Гор-Текс мембрана со име „Перформанс Комфорт“ - се добива и добра водоотпорност и дишливост.

Слојот за заштита на петата од надвор е со ТПУ филм, додека пак петата е од полиуретан кој дава најдобар комфор, а оновата е од микропорозен материјал - за најдобра стабилност и поддршка при движењето.

„Мастер“ ѓонот е направен во соработка помеѓу Асоло и Вибрам, а во суштина го користи Вибрам Монт материјалот кој гарантира најдобар грип и перформанси и по потехнички терен при планинарските тури.

Како за крај, во овој модел има и целосна гумена заштита од напред и од страна - за уште подолг век на траење на гореспоменатите материјали, штитејќи ги од абење и износување при триењето/ударите со камења, корења...

Материјал: водоодбнивен Schoeller K-Tech + кожа 1,6-1,8 мм
Водоотпорна мембрана: Gore-Tex Perfomance Comfort Footwear
Основа: Asoflex 00 MR
Анатомска влошка: Lite 2
Ѓон: Asolo/Vibram Master
Тежина: 610 грама за една чевла со големина 38

За компанијата:

Наш избор, во колку што повеќе можеме сегменти, е да понудиме производи, кои потекнуваат од компанија која специјализирала во тоа поле. Компанија која целосно се вложила, да во тоа што го работи - навистина понуди највисок квалитет и перформанси.

Во сегментот за чевли за планинарење, успеавме во оваа наша заложба и изборот го направивме на италијанската АСОЛО.
Малку за историјата на оваа компанија:

Асоло е основана во 1975 година од страна на Џанкарло Танци и своето име го добива по истоимениот град во северо-истокот на Италија, кој се наоѓа во близината на Венеција - каде што првично таа и е основана.
Асоло од секогаш била компанија - пионер во иновацијата. Пар примери:
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која е комбинација на кожа и текстил (Кордура во случајот)
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која користи ГорТекс мембрана.

Овие две иновации не само што го сменија пазарот - ја сменија воопшто индустријата за производство на чевли за планинарење!

Во 1998 година, водењето на компанијата ја превзема семејството Заната - кое пак има семејна традиција во чевларството од 1946 година. Асоло денес ја води 4тата генерација од ова семејство по нивното превземање на Асоло - подеднакво посветено во пронаоѓањето на совршениот микс на традиција, квалитет и иновација.

Чест е да се биде дел од нивната работа!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: asolo, corax