Нов бренд во нашето портфолио - облека за велосипедизам од врвниот бренд, италијанската Але'!
На време за нашиот роденден :)
Одлична причина за 20% ПОПУСТ
PLAY! Дишливост, УВ заштита, мала тежина...
Минималистички дизајн со интересен геометриски принт. Овој модел е многу лесен и ергономски, дизајниран за многу топло време - конструиран со фокус на дишливост и аеродинамика! Во неговата конструкција се споени неколку материјали во различни панели: од напред е искористен Skin 120, во задниот дел Geo Light, а на ракавите Hive 3D! Со поставените микро мрежести странични панели, дресот е многу адаптивен и стои фино поставен и стабилен во текот на целото возење. Во задниот дел, поставени се 3 големи џебови, како и четврт - „сокриен“ за клуч, лични документи или телефон... Во дизајнот се инкорпорирани и рефлектирачки елементи - за зголемена видливост и безбедност во сообраќајот.
Тежина: 115гр
Препорачан температурен опсег: 18°/30°С
Состав
Главен материјал: 94% полиестер, 6% еластан
Преден дел: 88% полиестер, 12% еластан
Страна, џебови, под ракав: 96% полиестер, 4% еластан
Ракави: 77% полиестер, 23% еластан