Корус групата за 12-брзински системи, од италијанската компанија Кампањоло, е нов пример за систем со високи перформанси! Возачите кои ги почитуваат производите на Кампањоло од високата класа, секогаш ги сакале деловите на опремата од групата Корус - посебно поради нивниот одличен сооднос на цена и перформанси.
Не се правени никакви компромиси помеѓу оваа група и главните предности на Супер Рекорд и Рекорд 12-брзинските системи. Како надополнување на ова, Корус доаѓа со сосема нова опција на пренос: Ултра Торк со однос 32/48, покрај постоечките 34/50 и 36/52, а новина е и можноста за избор на курбла од 165мм. Ова, во комбинација со посебно подготвените касети 11-29, 11-32 и 11-34, ја прави Корус групата идеален избор на возачи кои сакаат да имаат извор за сеопфатно друмско искуство.
Корус - шифтери/кочници за диск и 12-брзински систем
Фантастичната ергономија по која Кампањоло стана препознатлив низ годините, дополнително е унапредена со најновото претставување на Супер Рекорд и Рекорд, 12-брзинските системи. Не само ергномија - туку и персонализација. Стандардот кај нив, е инкорпорисан и во рачките на Корус групата. Разликата е во материјалот, кој кај нив е од алуминиум на рачките - Корус е скоро идентичен со тие на Супер Рекорд и Рекорд групите. Новиот дизајн на гумените грипови, рачката за кочницата, како и поголемите менувачки рачки, заедно со можноста овие котроли да се подесуваат пофино за различни големини на раце, го прават овој дел од групата уникатен и универзален.
Пристапот на Кампњоло по кои исто така е познат низ годините е тој дека секоја рачка, треба да биде посебна контрола - за да не се случува несакано менување во случај на тензичен натпреварувачки настап или пак при замор. Внатрешниот „Ултра шифт“ механизам на 12-брзинскиот заден менувач, овозможува менување и на до 3 запчаници нагоре и 5 запчаници надолу - во едно движење.
Благодарение на новите кабли/кошулици овие движења и контрола се екстремно издржливи и меки.