Лесна и комфорна чевла за планинарење од италијанската компанија АСОЛО.
На залиха уште само 1 големинa: 36 2/3.
Одлична цена со 40% ПОПУСТ
Материјал : водоодбивна кожа 1,6-1,8мм + издржливи најлонски влакна.
Водоотпосна мембрана : Gore-Tex Extended Comfort Footwear.
Основа : Asoflex 00 SR.
Анатомска влошка : Lite 2 plus.
Ѓон : Asolo/Vibram® Megagrip
Тежина : 428 грана за една чевла број 38
За компанијата:
Наш избор во колку што повеќе можеме сегменти, е да понудиме производи, кои потекнуваат од компанија која специјализирала во тоа поле. Компанија која целосно се вложила, да во тоа што го работи - навистина понуди највисок квалитет и перформанси.
Во сегментот за чевли за планинарење успеавме во оваа наша заложба и изборот го направивме на италијанската АСОЛО. Малку за историјата на оваа компанија.
Асоло е основана во 1975 година, од страна на Џанкарло Танци и своето име го добива по истоимениот град во северо-истокот на Италија, кој се наоѓа во близината на Венеција - каде што првично таа и е основана.
Асоло од секогаш била компанија - пионер во иновацијата. Пар примери:
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која е комбинација на кожа и текстил (Кордура во случајот)
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која користи ГорТекс мембрана.
Овие две иновации не само што го сменија пазарот - ја сменија воопшто индустријата за производство на чевли за планинарење!
Во 1998 година, водењето на компанијата ја превзема семејството Заната - кое пак има семејна традиција во чевларството од 1946 година. Асоло денес ја води 4тата генерација од ова семејство по нивното превземање на Асоло - подеднакво посветено во пронаоѓањето на совршениот микс на традиција, квалитет и иновација.
Чест е да се биде дел од нивната работа!