Хардшел јакна за заштита од непогодни временски услови, како во планинска, така секако и во урбана средина: изработена со заштитната мембрана на Блек Дајмонд - отпорна на вода и ветер, а секако и дишлива.
Моделот има отвори со патент под пазувите за подобра терморегулација при потопли периоди или активности со посилно темпо, два џеба на патент, водоотпорен целосен патент... Покрај тоа, делот под пазувите е иразботен од растеглив материјал за дополнителен комфор и слобода при движењето, а капуљачата лесно може да се постави преку шлем, кога би се движеле преку потехнички терен и би имале потреба од таква соодветна заштитна опрема.
Исто така, со еластична замка, јакната може да се затегне и во делот под половината - како заштита од ветер и наноси на снег...
Јакната може да се спакува во својот џеб, а при тоа има и соодветна сошиена замка, преку која со карабинер може да се закачи за појасот...
Материјал: BD.dry™ 2.5L
Водоотпорност/дишливост: 10,000 mm / 10,000 g/m2/24hr
Тежина: 320 грама