Овој модел станува еден од најпосакуваните - највисоката класа на зимски долен дел на Налини!
Сега и со одлична цена со 30% ПОПУСТ
Отпорност на ветер: 5/5
Отпорност на вода: 3/5
Дишливост: 4/5
Термо изолација: 5/5
Еластичност: 4/5
Некои од неговите поважни детали:
различни нивоа на изолација (отпорност на вода и ветер, како и термоизолација) - во различни делови од конструкцијата;
мерино волна како внатрешна постава во најстудениот дел од ногата за возачот; идеален фит за возење во студени временски услови;
диференцирана заштита со изолација во делот на абдоменот, заштита од ветер и влага во предниот дел и во седалниот дел, изолација и термо заштита во делот на бутните мускули и одлична растегливост во деловите од конструкцијата каде тоа е најпотребно - за подвижност и комфор на високо ниво!
Во најнискиот дел кај ногата (кој е и водоодбивен бидејќи тој доаѓа во контакт со влага од прскање по патот и кога не врне, а патот е влажен), термалниот материјал е практично осмислен, за да не дојде до преклопување со патенти, кога се користат камашни...
Моделот е со ергономска конструкција, со висок крој во делот над абдоменот, каде има дополнителна термо изолација со мерино волна и подесливост со патент. Мерино волна има и во делот на грбот, а шевовите во целата конструкција со „мазни“ - за зголемен комфор.
Препорачана температура: -4° до 6°