Прекрасен хибрид, во традиционалната, вековна - челесте боја на италијанската компанија Бјанки!
Модел кој со својата мала тежина е одлично „две во едно“ решение: како превозно средство за Вашите секојдневни активности, но исто така и сериозно фитнес решение.
Спецификација:
Рам: C-SPORT GENT ALU DISC, 700C OLD 135MM, внатрешно спроведување на каблите, мазен вар, 1.1/8" гарнитура, колче 31.6MM
Вилушка: BIANCHI ALU DISC
Гарнитура: FSA NO.8B/ZS4D 1.1/8"
Шифтери: SHIMANO ST-EF505 3X8SP
Заден менувач: SHIMANO ACERA RD-M360-L SGS 8SP
Преден менувач: SHIMANO TOURNEY FD-TY700-TS3
Пренос: SHIMANO FC-TY301 42X34X24T, CRANK LENGTH: 170MM-43/47CM, 175MM-51/59CM
Средна осовина: SHIMANO BB-UN101
Ланц: KMC Z-72
Касета: SHIMANO CS-HG200-8, 12-14-16-18-21-24-28-32T
Хидраулични диск кочници: SHIMANO ALTUS BR-MT200
Ротори: SHIMANO SM-RT10, 160MM, CENTER LOCK
Гума: KENDA KWICK TENDRIL 700X38
Грипови: BIANCHI ERGONOMIC DOUBLE DENSITY, BLACK/CK
Седло: SELLE ROYAL VIVO GENT
За BIANCHI
BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години!
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:
1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.
1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.
Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.
И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!
Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – 135 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!