Овој модел е предвиден и за долги планинарски тури и алпинистички пристапи - со соодветна поткрепа на зглобот при носење на тешки ранци. Опремен со висококвалитетна Нубук кожа и водоотпорната и дишечка мембрана на Блек Дајмонд, позната како БД.драј, тие нудат одлична заштита и при поминување на разни водени препреки: снег, потоци...
Обложениот дел околу зглобот дава потпора при поминување на сипари и друг карпест терен, а ѓонот во делот под прстите, како и самата гумена заштита околу прстите, инаку произведени од „лепливата гума“ на Блек Дајмонд („BlackLabel Mountain"), овозможуваат прецизно застанување и при поминување на потехнички терен.
Длабоките засеци во ѓонот, овозможуваат одличен грип и во калливи ситуации, јазикот е целосно обложен - за максимален комфор, а конструкцијата е таква да чевлите даваат фина стабилност и крутост при движење во вертикален терен или по виа ферати. Во моментот пак кога алпинистите сакаат да облечат патики за качување, на овие чевли постојат неколку опции на замки, со кои може да се закачат истите на појасот за качување...