Почеток на нова дождовна сезона :)
Одлична цена со 25% ПОПУСТ
Со овој модел, прогласен за најдобра заштитничка „пролет/лето“ јакна од американското списание Аутсајд, компанијата Блек Дајмонд, користејќи ја својата докажана, водоотпорна, дишечка и отпорна на ветер мембрана, позната како БД.драј, нуди јакна која треба да ве заштити од силни, ненадејни врнежи од дожд додека уживате по планинските патеки.
Во овој модел поточно, се користи целосно заштитничка, 2.5-слојна мембрана со параметри за водоотпорност/дишливост од 10000 соодветни единици
(10000mm водоотпорност и 10000 g/m2/24h дишливост).
Јакната дополнително е заштитена секако и со водоотпорен, централно поставен и по целата должина патент, а за подобра вентилација, од задната страна исто така е поставен и соодветен отвор за пасивен проток на воздух.
Дизајнот вклучува два џеба - соодветно поставени да имате лесен пристап до содржината во нив и покрај носењето на ранец, а капуљачата е компатибилна со кациги, а и лесно се подесува по големина.
Јакната исто така може да се спакува во еден од џебовите, а така спакувана пак, може да се закачи со карабинер и на појасот за качување на пример или пак на ранецот од надворешна страна - за што постои соодветно поставена замка.
Просечна тежина: 254 грама