Сосема ново значење на терминот „перформанс хардтеил“!
Прифатете го секој предизвик со кој ќе се соочите по планинските патеки, на велосипед кој постојано нуди високи перформанси! Идеален избор како за почетници во планинскиот велосипедизам, така и за возачи кои сакаат да извадат максимум на било кој терен, во било кaкви услови!
Спецификација:
Рам: Магма 29 алу, 1.1/8" HT, BSA 68мм, колче диам. 27,2мм, BOOST 9x141мм, внатрешно спроведување на кабли
Амортизер: Rock Shox Judy TK 29" 100мм w/Remote Lockout, 1.1/8"
Гарнитура: FSA TH888
Шифтер: Shimano DEORE SL-M5100-R 1x11, clamp band
Заден менувач: Shimano DEORE M5100, 1x11
Касета: Shimano DEORE M5100, 11-50
Пренос: Shimano DEORE FC-M5100-1, 32T, должина на курбла: 170мм-М големина, 175мм-Л/ХЛ големини
Ланец: KМС X11 EPT, 11sp
Кочници: Shimano BR-MT200, органски
Ротори: Shimano SM-RT10, 160мм, Center Lock, компатибилни само со органски пакни
Тркала: Velomann DP2.5, 622x25c, 32 дупки, анодизирани, Преста вентил
Задна главина: FH-MT200-B за Center Lock, 32 дупки, 141мм OLD BOOST
Предна главина: CL-1420 за Center Lock, 32 дупки, 100мм OLD
Гуми: Kenda Booster 29x2.20, DTC compound, 30Tpi, жица, ETRTO 56-622
Стем: Velomann 3D forged Alloy 6061, +/-7°, 1.1/8мм, диам. 31.8мм, должина: 80мм-С/М големина, 90мм-Л/ХЛ големина
Волан: Velomann Flat top DB Alloy 6061-T6, ширина 720мм, диам. 31,8мм, 9° backsweep
Грипови: T-one T-GP48B, 130мм
Колче: Velomann AL2014, диам. 27.2мм, 0мм „сетбек“, должина 350мм
Седло: Velomann, 140мм ширина
За BIANCHI
BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години!
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:
1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.
1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.
Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.
И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!
Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – 135 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!